„Визер“ лани превезе 380.000 патници од Скопје

Bez autora
Jan 22 2014

Околу 380.000 патници од и кон Скопје превезе нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ минатата година. Според податоците што ги објави авиокомпанијата, тоа е зголемување од 241 отсто споредено со 2012 година. Според првичните прогнози, авиокомпанијата планираше во 2013 година во Македонија да превезе околу 300.000 патници. Надминувањето на првичната бројка и големиот пораст на бројот на патниците се должи на неколкуте нови линии што „Визер“ ги воведе од Скопје. За годинава се најавени уште четири нови дестинации, односно напролет треба да профункционираат редовни летови од македонската метропола до Kелн, Брисел, Париз и Франкфурт.

„Визер“ лани превезе 380.000 патници од СкопјеОколу 380.000 патници од и кон Скопје превезе нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ минатата година. Според податоците што ги објави авиокомпанијата, тоа е зголемување од 241 отсто споредено со 2012 година.

Според првичните прогнози, авиокомпанијата планираше во 2013 година во Македонија да превезе околу 300.000 патници. Надминувањето на првичната бројка и големиот пораст на бројот на патниците се должи на неколкуте нови линии што „Визер“ ги воведе од Скопје. За годинава се најавени уште четири нови дестинации, односно напролет треба да профункционираат редовни летови од македонската метропола до Kелн, Брисел, Париз и Франкфурт. Со тоа, авиокомпанијата од Македонија ќе опслужува 14 града во осум земји во Европа, а нејзиниот удел на авиопазарот во Македонија изнесува 38,6 отсто.

За годинава „Визер“ планира во базата во Скопје да стационира уште еден авион, со што ќе ги опслужува патниците со две летала „ербас А320“.

На ниво на целата компанија, „Визер“ минатата година бележи пораст на патниците од 12 отсто, односно превезла 13,5 милиони луѓе. Со планираната набавка на осум нови авиони, авиокомпанијата ќе располага со 53 летала, кои ќе сообраќаат до повеќе од 300 дестинации во 35 земји. Освен од Скопје, во регионот „Визер“ редовно лета и од Белград, а во текот на летната сезона има летови од Тузла и од Сплит.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik